Нападот врз џамиите Нов Зеланд е напад врз сите нас

Проф-Др.  Гордана Силјановска кандидат за претседател од Вмро Дпмне , денес на својот фб профил објави:

За жал уште еднаш се покажа дека тероризмот нема граници. Нападот врз двете џамии во Нов Зеланд е напад врз сите нас без разлика на религиската и етничката припадност. Радикализмот од секаков вид во кој денеска загинаа 49 муслимански верници мора да запре. Таа битка можеме да ја добиеме само ако сме сите заедно Христијани, Муслимани, Евреи и сите други религии. Да го унапредуваме нашиот соживот преку реални политики.