Во понеделник напладне на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ треба да слета првиот авион од Малме. Веќе следниот ден, во вторник, ќе се воспостави директната врска на Охрид со Милано.
Овие линии во текот на летото ќе се реализираат по два пати во неделата. До 13 септември летовите од охридскиот аеродром до Малме ќе бидат секој понеделник и петок, а потоа и во среда и недела. Летовите за Милано до 30 март ќе бидат во вторник и сабота, а од 1 април во понеделник и петок. Од охридскиот аеродром „Визер“ од јули треба да стартува и со директни летови до германските градови Меминген и Дортмунд.