ЈП „Билјанини Извори“ ги известува сите граѓани на Охрид, сите корисници на градскиот стадион Билјанини Извори дека од денес 09.09.2014 до 27 септември градскиот стадион ќе биде затворен за користење поради редовната ( годишна ) санација и обнова на тревната површина. ЈП „Билјанини Извори“ им се заблагодарува на сите корисници за нивното разбирање и соработка за време на активностите кои ќе се реализираат во наредните денови се со цел да се овозможат уште подобри услови за тренинг и натпревари на сите фудбалски екипи и школи.