ВМРО-ДПМНЕ ОК ОХРИД – ДАЛИ МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ Е ИНФОРМИРАН ДЕКА 3 МЕСЕЦИ НЕМА ЛЕНТИ ЗА МЕРЕЊЕ НА ДИЈАБЕТЕС.

Не можеме, а да не потсетиме дека откако со СДСМ „дојде животот“ во Охрид и Република Македонија, не само што нема правда и мир, туку нема ни Ж од живот, и тоа од оној – Живот за сите! Во овој момент сакаме да ги запрашаме министерот Венко Филипче и в.д градоначалникот Константин Георгиески, дали пред да застанат да се сликаат во ЈЗУ „Општата болница“, поразговараа барем со еден пациент кој чека низ ходниците, за да ја слушнат вистината за состојбите во здравството, истакна Лидија Петкоска, советник во општина Охрид и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.