ПРОТОКОЛАРНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР

Бугарскиот амбасадор во нашата земја, Ангел Ангелов, денес беше примен од в.д градоначалникот Константин Георгиески. Георгиески го запозна високиот гостин со актуелностите и активностите на Општина Охрид, во пресрет на летната сезона.

На средбата беа потврдени добрите односи меѓу двете земји и подготвеноста за нивно продлабочувње и унапредување во сите области.