СТЕВЧЕ СТЕВОСКИ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД ОД ДЕМОКРАТИ

СТЕВЧЕ СТЕВОСКИ Роден е во 1967 година во село Елшани, и сега живее таму со семејството. Тој е дипломиран криминалист, студирал на  Факултетот за безбедност во Скопје, на отсекот за борба против организиран криминал. Близу три децении е вработен  во СВР – Охрид. Стевчо е оженет и татко на две деца.

Стевоски во изборите 2017 година како независен кандидат освои  679 Гласа односно 2.01% од гласовите.

stevoski_copy

Партијата Демократи приоритетна цел има да го намали политичкиот и стопанскиот криминал, митото и корупцијата. Претседател на партијата и познатиот каратист Јорго Огненовски, кој по 3 децении живот и работа во Америка се вратил во својот роден крај, за како што вели преку партијата да направи нешто добро за својата државa.