Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ започнаа широко-опфатна акција за чистење на расфрлан комунален отпад на потегот од Хидробиолошки Завод до Свети Наум.
Покрај тоа што се расчистуваат површините покрај коловозните ленти од магистралниот пат, се расчистуваат и површините во населените места на овој потег: Рача, Свети Стефан, Лагадин па се` до Свети Наум.
Големи количини тешко разградлив отпад (пластична и картонска амбалажа, лименки, најлон кеси се подигнати околу паркинг-просторот кај Горица 3, околу дискотеката Горица 1 и во нас.Свети Стефан. За жал повторно на површина испливува еко-некултурата на поединци кои отпадот го расфрлале каде ќе стигнат.
Со оваа акција се опфатени и плажите кои не се дадени под концесија на овој потег.
Поради обемноста на акцијата, истата ќе трае подолг временски период.