Михаил Трендафилов – Нанче од Граѓанско-демократската унија и официјално ја поднесе кандидатурата за учество на вонредните избори за градоначалничкото место во Охрид.
Од партиското соопштение на ГДУ при поднесувањето на документацијата за учество на изборите истакнаа дека како партија што се залага за промена на досегашниот начин на водење на политика во земјата, ќе се погрижат нивниот кандидат да понуди реална програма со проекти, кои што ќе бидат во интерес на oхриѓани.
-Ќе покажеме дека на полето на политичката борба, може да се успее и без ситни пазарења и лаги. Нашиот кандидат Михаил Трендафилов-Нанче веќе и официјално ја бара довербата на охриѓани за да им докаже дека функцијата градоначалник може да се извршува домаќински и чесно, се наведува во партиското соопштение.