Инфраструктурна стагнација и масовно појавување на дивоградби е лошата слика за Охрид со СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески, рече на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев.
-
Објектот кружна раскрсница пред медицински центар Охрид кој е веќе постоечки 12 години не е нова градба, па дали градежните активности се извршуваат согласно одобрение за реконструкција? Дали постои одобрение за реконструкција потпишано од општината со претходно прибавени согласности од МВР? Дали новата автобуска постојка кај пекара ,,Мартина” има одобрение, односно тоа место е предвидено во годишната програма за урбана опрема? Со која техничка документација е извршена реконструкција на кружната раскрсница на улица ,,Бистрица”? Постои ли заверен и одобрен проект со согласност од МВР изготвен од проектант согласно аналитика на МВР? Дали претставува кружна раскрсница од ризичен тип односно со незгоди од повисоко ниво, па е потребна нејзина реконструкција или желба на поединци? Изведбата на лице место дали е согласно одобрениот проект за реконструкција или ако не е, тогаш зошто е тоа така?, праша Донев.
Тој дополнително праша и кој ќе одговара во случај на евентуална незгода, кога изведувачот на градба и реконструкција немаат соодветна документација.