Ракометната федерацијата на Македонија довербата за организација му ја додели на Ракометниот клуб Охрид.
На завршниот турнир кој ќе се одржи на 30 и 31 март ќе учествуваат ракометарите на Охрид, екипите Струга и КЛ7 од Струга и скопски Металург.
Во полуфиналните натпревари силите ќе ги одмерат Охрид – КЛ7 односно Струга – Металург. Конкуренти на охридскиот ракометен клуб за организација на турнир беа Металург и КЛ7.
РК Охрид втор пат организира завршен турнир. Во 2017 година охриѓани беа домаќини на Ф4 во пионерска конкуренција и финишираа на третата позиција.