ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ И МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИ ДЕНЕСКА ВО ОХРИД ГИ СЛУШНАА ПРОБЛЕМИТЕ НА ОХРИЃАНИ.

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски денеска во Охрид имаа средби со дуќанџиите и занаетчиите во Охридската чаршија, како и со сопственици на хотели од овој регион. 


Сите сме согласни дека поддршката за мали и средни претпријатија што ја обезбедува Владата е значајна и таа ќе продолжи, а заеднички се очекувањата економските политики да резултираат со зголемување на личната потрошувачка што за овие семејни бизниси и занаетчиски работилници ќе значи и зголемување истовремено и на профитот, изјави премиерот Зоран Заев.

Министерот Бектеши ги сподели информациите и бројките коишто се однесуваат на бројот на странски и домашни туристи коишто ја посетиле нашата земја и нагласи дека минатата година се надминати очекувањата, земјата ја посетиле над 1 милион туристи.

Сакам да ве информирам дека од претходната година во Република Северна Македонија имаме регистрирано 1.1 милиони туристи, а очекувањата се дека во 2019 година ќе достигнеме над 1.3 милион туристи и истовремено над 4 милиони ноќевања во нашите угостителски и сместувачки објекти. Добра вест е што имаме пораст на домашните туристи“, истакна Министерот Бектеши.

Министерот Бектеши посочи дека Владата на Република Северна Македонија спроведува политики за развој на туризмот, а една од мерките е субвенционираниот годишен одмор која значително придонесува за развој на домашниот туризам.

Во однос на мерките за субвенционирање на домашниот туризам, соопшти дека од 26 пријавени хотели во земјава 14 хотели се од Охрид, што значи дека над 20 проценти од сите добитници на оваа мерка што ја спроведува Владата преку Министерството за економија оваа година ќе престојуваат во Охрид.