Јавното претпријатие „Нискоградба“, деновиве започна градежни активности -поставување на цевки Ф 1000 на отворен канал со што се оформува инфраструктурата за одводнување на дренажана од постојните терени и новиот фудбалскиот терен со вештачка треват. Покрај тоа, претпријатието забрзано работи на подготовка и поставување на подлогата на новото игралиште кое се наоѓа во рамки на спортски рекреативниот центар „Билјанини Извори“, а кое се гради согласно стандардите на ФИФА за ваков тип на терени.
Инаку овај ќе биде еден од најсовремените терени на вештачка трева во Македонија, а со неговата изградба ќе се комплетира понудата за спортски туризам во општина Охрид.