ЌЕ СЕ САНИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА “ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“

Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ќе започне со санација на коловозот на улицата “Ванчо Николески“, на потегот од Кеј “Македонија“ до пресекот со улицата “Партизанска“. Градежните работи ќе започнат во сабота, 30 март во раните утрински часови. Се молат граѓаните да не паркираат на овој дел од улицата, за да може непречено да се одвиваат активностите.