Жолтицата зема замав !

Жолтицата се шири низ Скопје. За два дена регистрирани се 10 новозаболени. Досега со хепатит А заразени се 157 лица. Половината се деца на предучилишна и училишна возраст. Само вчера пријавени се тројца заразени  ученици во гимназија во Скопје.

-Вчера имаме пријавено три случаи на зазарени деца кои одат во гимназијата Арсение Јовков, изјави  прим. д-р Жарко Караџовски, специјалист епидемиолог во институтот за јавно здравје.

Заболени со жолтица има во 10 скопски општини. Најмногу има во Шуто Оризари, но по десетина заразени има и во Центар,Бутел, Аеродром, Карпош, Кисела Вода.  Синоќа комисијата за заразни болести одлучи да се спроведат засилени мерки за да се спречи ширење на заразата. Епидемиолозите побарале  Јавните претпријатија да ги исчистат сите депонии во главниот град, а училиштата да ги засилат мерките за хигиена.

– Комисијата донесе заклучок да се исчистат улиците и сите депонии што ги има во Скопје. Во оние тесни улици каде немоќе да влезат камионите на Комунална хигиена, да се исчиста улиците со помалите камиончиња, рече  прим. д-р Жарко Караџовски, специјалист епидемиолог во институтот за јавно здравје.

За разлика од Скопје епидемијата на жолтица во Штип стагнира. Во овој град за 10 дена има регистрирано 10 случаи со хепатит А. Досега во Штип се евидентирани вкупно 62-ца заболени. Десетици заразени има и во Куманово, Велес и Гостивар. Меѓу заболените нема само лица кои живеат во лоши социоекономски личности, туку и добро ситуирани граѓани и интелектуалци кои очичледно неодржувале лична хигиена, коментираат епидемиолозите.