Стевоски: СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се две сестри, од мајка Мафија и татко Јуда
Стевоски Стевче денес ги окарактеризира ВМРО ДПМНЕ и СДСМ како две сестри близначки, родени од мајка Мафија и татко Јуда.
„ Денес 1 Април ден за почеток на кампањата за градоначалник. Како до сега што ВМРО ДПМНЕ и СДСМ го лажеа народот со идеи и невистини , така сега на 1 Април повторно ќе ги лажат. Мора да нагласам дека СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се од исто потекло, од иста мајка која се вика Мафија, и тие се сестри близначки. Нивниот татко можеме слободно да кажеме дека е еден голем Јуда“ – рече Стевоски.
Тој од утре ќе продолжи да се сретнува со граѓани низ Охрид и околијата.