Стевче Стевоски бара истрага за сите кои учествувале во креирањето на милионскиот долг во Охрид.
Еден ден од како Советот на општина Охрид изгласа одлука со која го овозможи склучувањето спогодби со доверителтие за раздолжување на градот, кандидатот Стевоски Стевче побара полициска истрага за тоа како се креирал долгот низ минатите децении и дали во минатото, некој фингирал ситуации во кои каматите растеле и градот тонел во долгови за да се делат провизии од камати и фиктивни задолжувања.
Стевоски партиите СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ги нарече сестри близначки родени од мајка Мафија и татко Јуда.
ВИДЕО: