ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ КОМУНАЛЕЦ ОХРИД СО АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОТПАД НА ПОТЕГОТ ОД КОСЕЛ ДО ПРЕНТОВ МОСТ.

На иницијатива на МЗ Куратица, деновиве се превзеде акција за чистење на отпад на потегот од Косел до Прентов мост. Ваквата акција е спроведена од страна на ЈП Охридски Комуналец .

Како што најавуваат после ваквата акција ќе бидат превземени мерки за поставување на табли за одржување на чистотата, воедно предвидено е поставување и на видео надзор на овој потег.

За истакнување е тоа што Куратица од 2007ма година самоиницијативно се грижи за околината и чистотата на овој селско планински регион.

 

Jп Комуналец акција за чистење од косел до прентов мост