ОТЕЖНАТО ЌЕ СЕ ОДВИВА СООБРАЌАЈОТ НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ОПШТАТА БОЛНИЦА

Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ги информира граѓаните, дека  утре ( 04.04.2019 г.) ќе се интензивираат градежните активности на кружниот тек кај  Општата болница, кои ги изведува градежната фирма  АД   „Илинден“ од Струга .

Од Секторот апелираат, сите учесници во сообраќајот да користат  други алтернативни патишта за задоволување на потребите   и да го одбегнувааат овој потег каде сообраќајот ќе се одвива отежнато, дури на периоди и целосно ќе биде запрен  за да  се овозможи непречено одвивање на градежните активности.