КУЛТУРЕН ФЕСТИВАЛ „ДЕЦАТА НА БУГАРИЈА ПЕАТ И ИГРААТ ВО ОХРИД“

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиевски синоќа присуствуваше на отворањето на културниот детски фестивал „Децата на Бугарија пеат и играат во Охрид “ што се одржа во НУЦК „Григор Прличев“. Целта на настанот е да се зајакнат пријателските односи и соработката во областа на културата меѓу  Република Северна Македонија и Бугарија.

Организатор на фестивалот  што завршува во четврток  е Здружението за култура и уметност АРТ ВИВЕНДИ од Охрид и бугарската  Фондација Жар- С, а поддржан од Амбасадата на Р. Бугарија.