Кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов-Нанче, се сретна со жители на селата: Љубаништа, Трпејца, Пештани и Елшани.
Граѓаните од селото Љубаништа се пожалија на лошиот пат кој го поврзува Охрид со ова село, а исто така и со манастирот Св. Наум. Луѓето потенцираа на иселувањето на младите.
Жителите на Трпејца се пожалија за немањето на канализација и на фактот што 30 години претходните градски татковци им ветувале дека ќе го решат овој проблем, но досега се останало само на зборови.
Во Пештани како основни проблеми на жителите беа истакнати нефункционалниот колектор и канализацијата.
Жителите на селото Елшани се пожалија на неасфалтираниот пат до училиштето, тие ја истакнаа потребата од уште една трафостаница, исто така го напоменаа фактот дека патот за поврзување меѓу селата Елшани -Пештани е во лоша состојба и подвлекоа дека имаат проблем со водата и канализацијата. Жителите на селото Елшани побараа проширување на влезот на селото.