СПОРТСКИ ДЕН ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

ЈП „ Билјанини извори“ за  вработените во Општина Охрид и јавните претпријатија, во петок ( 12.04.2019 г. ) од 10 до 14 часот организира спортски ден. Спортското дружење и поттикнувањето за практикување на спорт и рекреација кај вработените секогаш позитивно делуваат во насока на подобрувањето на комуникацијата, тимската работа, мотивацијата и продуктивноста, а со тоа и целокупната работна атмосфера во самите претпријатија и општината.

Учесниците ќе се натпреваруваат во  мал фудбал, пинг понг, баскет и тенис. Спортскиот ден ќе се одржи во Спортско рекреативниот центар „ Билјанини извори“ при што за потребите на спортовите ќе се користат неколку спортски објекти од затворен и отворен карактер. ЈП „ Билјанини извори“ за првопласираните три екипи во сите категории има обезбедено  пехари, медаљи и признанија.