РЕКОНСТРУКЦИЈА И САНАЦИЈА НА ГЛАВНОТО ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ

Јавното претпријатие „ Билјанини извори“ започнува голема акција за реконструкција и санација на главното градско игралиште за фудбал. Се планира да се заменат околу 3000 м2 оштетен бусен (тревна подлога) со нов, со што ќе се подобрат условите за одигрување на фудбалските натпревари. Од ЈП „ Билјанини извори“ ја информираат јавноста дека реконструкцијата ќе трае до 1-ви мај и дека до тој датум градскиот стадионот  ќе биде затворен за користење од страна на фудбалските екипи и школи.