45 ГОДИНИ ПЧЕЛАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ „ОХРИД“

В. д градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески  присуствуваше на одбележувањето на 45 годишниот јубилеј од формирањето на пчеларското здружение “Охрид“ што попладнево се одржа во големата општинска сала.

Во своето обраќање пред присутните в. д градоначалникот  Георгиески  истакна:

  • Ми претставува особена чест и задоволство да ве поздравам, да ви го честитам 45-годишниот јубилеј и да ви посакам уште долги години плодна работа.  “Ако пчелите исчезнат, човекот нема да има повеќе од 4 години опстанок“. Оваа реченица му се припишува на славниот научник Алберт Ајнштајн. Други истражувачи слични цитати поврзуваат со Чарлс Дарвин и Морис Метерлинк, но во секој случај, кој и да е авторот на овој цитат, не е далеку од вистината. Тоа само ја потврдува вашата благородна дејност, нејзината целисходност и потреба за човекот. Јас како лекар можам само да ја потврдам незаменливата улога на медот во исхраната на човекот и неговото повеќекратно позитивно влијание за здравјето на луѓето.Во оваа прилика, сакам да ги упатам моите искрени честитки за основачите на здружението и сите активни членови, кои сите овие години го одржуваат и градат здружението, ги пратат современите трендови за производство и развој на пчеларството. Вие знаете дека ние како локална самоуправа секогаш се трудиме да ги препознаеме вистинските вредности и во рамките на нашите можности да ги поддржиме во нивните програми и заложби. Истото се однесува и на вашето здружение. Секогаш ќе бидеме отворени за соработка и помош во реализација на вашите програми и активности– подвлече Георгиески.

На свеченоста пригодни обраќања имаа  и претставници од пчеларското здружение од Охрид.