По повод верскиот празник Курбан Бајрам, вчера се одржа традиционалниот турнир во мал фудбал во организација на Општина Охрид и Здружениетото на Египѓаните Пирамида ЗЕМ . Турнирот се одржа во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“ Охрид, а градоначалникот Никола Бакрачески и претседателот на здружението на Египѓаните Арбен Демироски Бено ги доделија Благодарниците и медалјите за освоените места.
Првото место го освои тимот на „Сантос “, второ место беше „Сармала ‘7ми Ноември “, трето место „Наша Пекара “, четврто место „Пирамида“и петто место екипата на Фламенго . За најдобар голман на турнирот беше избран Адријан Селман, најдобар играч најдобар стрелец Џавит Сабри .