13-ГОДИШНИОТ ХЕРОЈ МАРКО ПЕЈЧИНОВСКИ ОД ОХРИД Е НОВА ДЕФИНИЦИЈА ЗА ХРАБРОСТ.

На плоштадот во Охрид денес е во тек хуманитарна распродажба на производи од компанијата ,,Comfy angel” која е специјализирана за производство на перници, јоргани, јоги и слично.

Парите кои што ќе бидат собрани од распродажбата ќе му биле донирани на малиот Марко Пејчиновски, кој минатиот август го преплива Охридското Езеро, а сега се подготвува за нов предизвик.

Акцијата е во соработка со Црвен крст – Охрид, а на самото место биле поставени и кутии за донации.

marko

Откако лани на 12-годишна возраст успеа да го преплива Охридското Езеро, годинава Марко најави дека повторно ќе плива за децата со ретки болести. Распродажбата започнала утрово од девет часот, а локацијата е кај Чинарот.

Младиот Марко вели дека додека плива му навираат мисли  тогаш ги донесува и одлуките за неговиот следен потфат.

Тој е скромен но храбар осмооделенец во иднина има амбиција да стане професионален пливач па дури и да го преплива Ла Манш.

Точко од Црвениот крст вели дека амбицијата и желбата на едно 13 годишно дете да направи ваков потик е мотивација за сите луѓе да знааат дека со упорност желба и страст може да се успее.