Сосема очекувано и поголемиот дел од балканските медиуми изминатиов период со интерес ја следат приказната околу најавите за повлекувањето на спонзорот на Вардар, Сергеј Самсоненко од трите клуба. И за поголемиот дел од македонската спортска јавност смешно беше соопштението од Самсоненко со кое заминувањето го темелеше на револтот поради критиките од навивачите, симпатизерите на Вардар и јавноста за „распродажбата на стадионот“ пред дуелот со Фенербахче. Вистината е веројатно сосема поинака а „клопчето околу неа“ допрва ќе се размотува.
– Изминува веќе 7-та година од моето раководење и финансирање на ракометот во државата, започнувајќи од ЖРК Вардар во 2012 година и веќе во 2013 година приклучувајќи го и РК Вардар.
Од седуммте години поминати во ракометот за жал изминува веќе третата година како јас лично се борам од ден за ден за издржување на клубот, со постојано задолжување и земање на кредити. Покрај оваа борба која ја водам секој ден зад мене има повеќе од 5000 вработени во моите компании кои ги издржувам со нивните семејства и кои не сакам да ги загрозувам, а веќе тоа се одразува со моето постојано задолжување за спортот – пишува Самсоненко.