Денес во протоколарна средба, градоначалникот Константин Георгиески, ги прими хрватските консултанти од Осиек, Маја Галиќ и Зоран Плеша. На средбата присуствуваа Ѓоко Апостолов и Ирена Спасеска од Секторот за Туризам и локален економски развој.
Експертите од Хрватска изразија подготвеност да помогнат во делот на консултативни и стручни услуги за поефикасен пристап до европските фондови.
Гостите од Хрватска беа запознати со активностите на Општина Охрид во користењето на европските фондови и беше заклучено дека има простор за соработка помеѓу Осиек и Охрид, за партнерски настап пред европските фондови.