Градоначалникот Константин Георгиески, денеска ги прими најдобрите млади шахисти од клубот „Ласкер“ кои освоија бројни признанија на Државното шаховско првенство за млади. Притоа, градоначалникот им го честита успешниот настап на првенството и им вети дека Локалната самоуправа ќе настојува да ја зголеми поддршката на нивните активности.
На Државното првенство во шах за млади, кое од 26 април до 1 мај се одржа во Струга, од охридскиот шаховски клуб „Ласкер“ награди освоија: Марко Котлар, Емилија Лушеска, Теодор Спасески, Елена Лушеска, Елена Стојоска, Јулиан Матески, Стефан Матески, Михаил Николовски, Константин Лушески, Иван Велкоски, Никола Николовски и Никола Целески.