Градоначалникот Константин Георгиески, по повод 23 мај, Националниот дена на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница во Општина Охрид.
-Дозволете во мое лично име и во име на граѓаните на Охрид, најискрено да Ви го честитам 23 мај – Националниот ден на Власите и да Ви посакам здравје, среќа и бериќет. Влашкиот народ како посебен етнички, јазичен и културен субјект е од особено значење за Влашката заедница, но и за целата македонска држава.
Како нераскинлив дел од македонскиот мултиетнички мозаик, Вие сте посветени граѓани на својата држава и на својата заедница. Благосостојбата и просперитетот на Република Македонија, како наш заеднички дом, зависи од сите нас, вклучително и од влашката заедница, стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески