Претседателот на СДСМ Охрид Лазе Танески Разрешен од Функција

Претседателот на СДСМ Охрид Лазе Танески и  77 Претседатели на општински организации од 80 општини се разрешени и органите и телата на партијата веднаш ќе донесат одлука за отпочнување на постапка за избор на ново раководство. Со разрешувањето на претседателите на општинските организации, вели Заев, паѓаат извршните одбори на локално ниво заради тоа што тие се формирани на предлог на претседателите на општинските организации.

 

Се разрешуваат сите претседатели на општински ограноци на Социјалдемократскиот сојуз, изјави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев кој синоќа донел одлука да бидат изработени решенијата од страна на администрацијата во владејачката партија.