ОДБЕЛЕЖАНА 140 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА КОСТА АБРАШ

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на Коста Абраш, денес се одбележа 140 годишнината од неговото раѓање.

Повеќе делегации помеѓу кои и делегацијата на општина Охрид предводена од претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, во знак на почит се поклонија пред спомен обележјето на пролетерскиот поет.

Коста Абраш (Абрашевиќ) роден 29 мај 1879 година во Охрид, бил македонски пролетерски поет. Автор е на само една постхумно објавена книга социјална лирика „Песни“, а се вбројува во групата на дводомни писатели, бидејќи пишувал на српски јазик.