Граѓаните кои живеат во Македонија, но и оние кои се иселени ќе бидат опфатени во пописот кој ќе се одржи од 1 до 21 април следната година. Во прашалникот за попис ќе има и графа за етничка и религиска припадност. За прв пат ќе се применува комбиниран метод. Попишување ќе има на терен, но ќе се користат и државни бази на податоци. Надлежните уверуваат дека на тој начин многу побрзо и поквалитетно ќе се прибираат податоците. Исто така, за прв пат прашалникот ќе биде во електронска форма.
-За попишување на лицата кои се наоѓаат надвор од Републиката ќе биде малку поспецифично. Ќе овозможиме месец дена пред попиусот и за времетраењето на пописот да се самопопишат на посебна веб апликација каде што ќе можеме лично да собереме податоци од овие лица. Исто така, со Законот е предвидено можност оние лица кои евентуално нема да се самопопишат, податоци да дадат лица кои најдобро ги познаваат. Со тоа што ќе мора да се обезбеди Единствен матичен број на лицето кое што се попишува, рече директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски.
За резултатите нема да се чека година и половина, бидејќи ќе бидат готови за само три месеци. Во 2019 се планира пробен попис во неколку пилот општини.