Доколку летово ви се пријаде печена пченка или американски крофни ќе мора дома да си направите бидејќи надвор ќе нема каде да купите.
Годишната програма за 2019 година за поставување на урбана опрема не предвиде локации за продажба на храна на отворен простор. Нема да може да се купи ниту скара по тротоарите како што тоа беше случај минатите лета. Подготвување и продажба на храна ќе може да се врши само во затворен простор кој ги задоволува сите стандарди за тоа.
Исто така Градскиот плоштад , Чинарот и новата пешачка патека пред Хотел Ривиера оваа година нема да бидат затрупани со Тезги за сувенири и идр.
Тезгите за продажба на сувенири предвидени се :
- на влезот во комплексот „Плаошник“ вкупно 4 локации
- на патека од Самоилова тврдина кон комплексот „Плаошник“ вкупно 5 локации
- на пешачка улица кој води од канал Студенчишта кон хотел,,Парк,, – 8 локации.
- пред влезот на Антички театар – 1 локација