Деновиве екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ превземаат интензивни активности, како редовни, така и вонредни, околу уредувањето на зелените површини и подигнување на степенот на јавната чистота во Охрид и приградските населби.
Се искосија зелените површини во стариот дел на градот, покрај пешачката патека од Горна Порта до Канео, пристапната патека до Лабино, шумскиот дел околу Самоиловата Тврдина и новата патека кај Саат-кулата.
Се продолжи со активностите околу засадување на летната цветна реколта во парковите.
Темелно се расчисти делот пред пристаништето: се подигна натрупаниот отпад и муљ и се отстрани ниската вегетација.
Иако одржувањето на зеленилото покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум не е во наша надлежност, се искоси тревниот дел покрај коловозните ленти, како и средишниот дел меѓу коловозните ленти на потегот Хидробиолошки завод- Св.Стефан.