Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување на 600 полицajци во повеќе сектори низ Македонија.
За секторот во Охрид предвидени се вработувања на 70 полицајци.
Во огласот се наведени потребните услови за да може некој да конкурира. Меѓу другото, потребно е најмалку средно образование, добро познавање на македонскиот јазик, одредена височина за жени и за мажи и посебни психо-физички способности.
Конкурсот трае 15 денови.