По повод 24 јуни, Ден на Балканските Египќани, претседателот на Република Северна Македонија прими делегација на избрани претставници, фукцонери и невладини активисти на заедницата на Египќаните од регионот., меѓу кои пратеникот во Собранието на РСМ Рубин Земон, пратеникот на косовскиот парламент Ветон Бериша, зам. министерот за локална самоуправа Башким Красничи, советникот во Советот на општина Охрид Бесим Демиров, претседателот на Здружението на Египќаните ПТАХ од Струга- Тони Бичак и др.
На средбата стана збор за состојбата на заедницата на Египќаните на Балканот, како и за можностите за поголема интеграција во општеството.Од кабинетот на претседателот на РСМ се вели дека ова беше можност за разговор за различностите кои не поврзуваат, независно од нашето потекло или заедницата на која и припаѓаме.