ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до сите граѓани кои го празнуваат Меѓународниот ден на балканските Египќани.
Во честитката се вели:
„Меѓусебната толеранција ги гради темелите на доверба и почитување како универзални вредности кои треба да се негуваат. Египќаните се интегрален дел од македонското општество, па затоа Охрид и Република Македонија треба да се стремат за подобрување на социјалниот и политичкиот статус и заштитата на нивните права. Нека Ве прати семејна среќа, бериќет и благосостојба. Нека е честит Меѓународниот ден на балканските Египќани!“