ЗАПОЧНА ЧЕТВРТОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „СЛОВЕНИЈА ВО ОХРИД“

Со  целовечерен концерт по повод  Денот на  државноста на Република Словенија , синоќа на сцената на Долни Сарај  започна годинешното издание на фестивалот „Словенија во Охрид“.

Пред бројната публика  поздравно обраќање имаше претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска.

– Ми претставува особено задоволство и чест да се обратам на  почетокот на вечерашниот концерт со кој започнува  традиционалниот фестивал „Словенија во Охрид“  што  се одржува  по повод одбележувањето на Денот на државноста на Република Словенија.  Ова е уште еден во многубројната низа  настани со кои   се зацврстува мостот  на соработка меѓу двете исклучително пријателски земји, Република  Словенија  и Република  Северна Македонија. Еднаш воспоставените вредности остануваат трајна врска меѓу народите.  Музиката и танцот   се универзални  цивилизациски  придобивки  со кои се дефинира и   негува националниот идентитет но и алатка со која се надминуваат сите граници и бариери меѓу народите.Отсекогаш јасно, искрено и недвосмислено  како држава и град сме ја почитувале културата и традициите на другите земји, а тоа го потврдуваме  и вечерва со одржување на оваа културна манифестација.Ваквите настани ги унапредуваат и останатите врски меѓу Република Словенија и Република Северна Македонија. Затоа изразувам благодарност што можам да бидам дел од оваа свеченост, и ги охрабрувам  уметниците од двете земји  и понатаму да ги негуваат силните меѓусебни врски на соработка и на почитување, истакна Ангелоска.

Фестивалот „Словенија во Охрид“ се одржува четврта година по ред, а на него  учествуваат 500 уметници од 25 словенечки градови.

Почесен покровител  на настанот е претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.