КИНЕСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОХРИД

Делегација од градот Далиан денес, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Гостите од Далиан предводени од заменик – директорот на канцеларијата за надворешни работи Хан Кијанг на градоначалникот му предлагаа полиња на кои може во иднина да се развие значајна соработка, а пројавија интерес и за најавената посета на делегација на Охрид на Кина, притоа предлагајќи градоначалникот Бакрачески да ја посети болницата во овој град која е една од позначајните во Кина, со исклучително развиена меѓународна соработка и надалеку познат оддел за лекување на канцерогени болести.
Гостите од Кина пројавија интерес и за соработка на полето на културата, предлагајќи да се резгледаат можностите за гостување на операта од Далиан на Охридско Лето, за што детално ќе се разговара со менаџментот на фестивалот.

Разгледани беа можностите за склучување соработка и со Универзитетот за информатички технологии , за што кинезите пројавија посебен интерес бидејќи една од трите главни стопански гранки во Далиан е информатичката технологија.
Градот Далиан е еден од најразвиените градови во Кина, кој е лоциран во најбогатата кинеска провинција Манџурија.Пристаништето во Далијан е на десетто место по утоварена роба, а неговиот капацитет за прием на бродови е на дваесетто место во светски рамки.Во бродоградилиштата во Далиан изграден е и првиот носач на авиони на кинеската морнарица.Регионот на градот Далиан е и еден од главните туристички центри на Кина, а во минатата година областа ја посетиле 53 милиони туристи од кои 11 милиони биле странци.Од аеродромот во Далиан неделно кон Јапонија полетуваат 80 авиони, а кон Јужна Кореа 40 авиони.Во градот живеат над 10 милиони жители и годишен БДП од 70 милијарди долари.Далиан е и образовен центар и има дури 31 универзитет.