ДА НЕ СЕ ПОМЕСТУВААТ КОНТЕЈНЕРИТЕ ОД ПОСТОЕЧКИТЕ ЛОКАЦИИ

Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец” упатуваат апел до граѓаните и туристите во Охрид да не ги поместуваат контејнерите од постоечките локации и да не ги поставуваат на коловозите, тротоарите и на другите јавни површини.

Овој апел се упатува со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се подобрат условите за одложување на комунален отпад и негово подигнување од страна на комуналните служби.