СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ СО ВИОЛИНИСТОТ СТЕФАН МИЛЕНКОВИЌ

Во пресрет на вечерашниот концерт, градоначалникот Константин Георгиески имаше средба  со светски познатиот виолинст Стефан Миленковиќ. Концертот на Миленковиќ, во рамките на програмата на фестивалот „ Охридско лето“ , ќе се одржи  вечерва во црквата „ Св. Софија“ со почеток во 21 часот.

Стефан Миленковиќ е еден од најпознатите виолинисти кој кариерата ја гради на сцените во светот. Настапувал на најпрестижните концертни подиуми и со најпознатите оркетстри и диригенти. На вечерашниот концерт ќе настапи во пијано придружба на Владимир Милошевиќ.