ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ВО ПОСЕТА НА АСП – ПАК

Во рамки на редовните посети на  локалните стопански капацитети  а  со цел  да се укаже на    поволностите  што општината  ги нуди за развој на бизнисот во насока на стопанско заживување на Охрид, градоначалникот  Никола Бакрачески, денес беше во посета на фирмата АСП- ПАК .  

На средбата со менаџерскиот тим   се разговараше за производствениот процес и проблемите со кои се соочува оваа фирма а се разгледаа и можностите за соработка со  Локалната самоуправа  со цел да им се помогне во дел од идните развојни стратегии . 
АСП ПАК е фирма која е  еден  од најголемите работодавци во општина Охрид со вкупно  236 вработени лица. Фирмата  пред се извозно ориентирана  кон Западно  европските земји  и Азија .

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ВО ПОСЕТА НА АСП – ПАК