ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 2-РИ АВГУСТ, ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

– Чествувајќи го 2ри Август – Илинден, Денот на Републиката, денот кој не инспирира и обединува, ја продолжуваме традицијата на нашите славни генерации и се сеќаваме на големиот број револуционери, кои верни на својот идеал ја дадоа најголемата жртва поттикнати од  маките и страдањата на народот, но и стремежот за самостојна и слободна држава.

Прославувајќи ги двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ, ја прославуваме и љубовта кон татковината. На овој празник се поклонуваме на славното дело на револуцијата, на храброста, доблеста, но и на поставувањето на темелите на современата македонска држава.

Идеалите на двата Илиндена се сеуште живи, и тлеат во секој од нас. Се додека во себе го носиме жарот на илинденците ќе постои и стремежот за поубаво утре.

Нека ни е честит и вековит празникот Илинден! – се вели во празничната честитка на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.