СЕ НАМАЛУВААТ ЦЕНИТЕ ЗА ПАРКИРАЊЕ ВОЗИЛА ВО ОХРИД

Од 1-ви септември (недела)  2019 година се намалуваат  цените  за паркирање на возила  во предвидените три паркинг зони на територијата на Општина Охрид со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“.  Измените во цените за   паркирање се согласно  одлуката на Советот на Општина Охрид за давање согласност за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг просторот број 08-8433/27 од 10.06.2019 година.

Од недела за  паркирање возила во зона  А ќе се наплатува по  30 денари  наместо досегашните  40 денари за еден час. За паркиурање во зона  Б  ќе се наплаќаат 20 денари за еден час наместо досегашните 30 денари.  Цената за паркирање во  Зоната  Премиум ќе се намали за 40 денари за секој час паркирање . Тоа значи дека наместо досегашните 100 денари   ќе се наплаќаат  60 денари за час.