Деновиве интезивно се изведуваат градежни активности од првата фаза за реконструкција на улицата „АСНОМ“. Во моментот се работи на отстранување на старите тротоарски површини и рабници.
Според проектот за реконструкција предвидено е комплетно асфалтирање на коловозот, нивелирање на шахтите и сливниците и реконструкција на тротоарите.
Вкупната инвестиција за овој проект е 8.807.073,оо денари. Работите ги изведува АД „Илинден“ од Струга под надзор на АД „ЗИМ“ од Скопје.