Почитувани,
СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески ветуваа работа, напредок и иднина, а донесоа стагнација.
Заштитата на животната средина не е приоритет во работењето на Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Георгиески.
СДСМ и Георгиески се откажаа од УНЕСКО и нема ништо од современи еколошки стандарди.
Што се случи со Регистарот за нелегални градби кој требаше да се достави до Владата најдоцна до 1 септември?
Дали градоначлникот Георгиески додека брои секунди всушност чека заедно со премиерот Заев да пребројат колку фактури имаат за исплаќање откако во предизборието јавно ветија дека нема да им ги рушат дивоградбите, па ќе почне да руши селективно?
До каде сте со заштитата на езерото и пренасочување на реката Сатеска во старото корито?
Ве потсетуваме велевте веднаш, па ајде тогаш веднаш презентирајте ја Студијата за валоризација на Студенчишкото Блато.
Нели ќе изготвевте нов Локален еколошки акционен план на општина Охрид?
Со СДСМ и Георгиески нема современи стандарди за одлагање отпад, ниту локација за депонирање градежен шут и цврст отпад, напротив има само расфрлано ѓубре, депонии и нечист град.
Наместо нови дрвореди и парк-катчиња секојдневно има уништување на природата со сечење дрва.
Освен популистичкото отстранување палми и билборди власта на СДСМ и Георгиески не спроведе ништо во однос на препораките на УНЕСКО за заштита на Охрид.