УТРЕ ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ ВО ОХРИД

Општина Охрид ги повикува сите граѓани  утре (20.09.2019год.) во период од 10:30 до 12:00 часот да земат учество во одбележувањето на Денот без автомобили под мотото „Исклучи го моторот- вози велосипед“.

Велосипедското дефиле започнува со собирање на учесниците во 10:30 пред општинската зграда. Велосипедистите ќе возат по улиците „Димитар Влахов“,„Кузман Јосифовски“ од пресекот со ул.„Димитар Влахов“ до пресекот со ул.„Партизанска“, ул.„Партизанска“ од пресекот со ул.„Кузман Јосифоски“до пресекот со ул.„Јане Сандански“ и дел од ул.„Јане Сандански“ од пресекот со ул.„Кеј Македонија“  од ул.,,Кеј Македонија“ преку мост ,,Билјанини извори“ до плажа ,,Амброзија“ и назад до ул.,,АСНОМ“. Од ул.,,АСНОМ“ до  ул.,,Булевар Туристичка “ од Булевар Туристичка“ по  ул.,,Димитар Влахов“ до Општина Охрид.

На крајот од дефилето следуваат награди за учесниците во настанот.

Кај нас, а и во Светот, се резервираат една или повеќе фреквентни сообраќајници за велосипедисти и пешаци. На тој начин се упатува силна порака дека со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, го заштедуваме домашниот буџет , го подобруваме нашето здравје, воедно ја заштитуваме животната средина и го намалуваме загадувањето од транспортот, а се што ни треба е подготвеност и волја одговорно да се однесуваме кон животната средина.

„Европската недела на мобилност“ Општина Охрид ја одбележува во соработка со МЖСПП, Европската Делегација во РСМ и ЕУ-  Инфо центарот во Скопје.

Во Европската недела на мобилност се организираат настани посветени на одржлива мобилност во урбаните средини, кои годинава се на тема „Пешачи со нас – сигурно пешачење и возење велосипед“.