ОЕМУЦ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“ ДЕЛ ОД „MACEDONIA MANUFACTURING EXPO 2019“

На 25.09.2019 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа третиот саем „Macedonia manufacturing EXPO 2019“. Како гости на овој саем учествуваат и ученицте од профилите Техничар за индустриска мехатроника и Техничар за производно машинство при нашиот центар, директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски, професор Сашо Недески  како и група професори и родители.

Slika 2
Slika 20

На оваа средба свое пригодно обраќање имаа г-ѓа Марта Наумоска-Грнарова претседател на Македонската асоцијација на металната и електронската индустрија, г-н Едвард Гонзалез, директор на генералната канцеларија на USAID во Македонија, г-н Крешник Бектеши  министер за економија, извршниот директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот г-н Арбен Вила, заменикот на амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Андри Ван Менс  и г-н Патрик Мартинс директор на делегацијата на Германската стопанска комора.

Во рамките на манифестацијата се одржаа и две панел дискусии во врска со дуално образование. На првата панел дискусија која се однесуваше на перспективите на дуалното стручно образование зедоа учество Рене Ешхеман од KFW фондот, Волфганг Ашер претставник на Маркарт, Владимир Анчев претставник на „Брако“, претставникот на „Витаминка„ Орде Ѓорѓијоски и Стевче Ристевски претставник на „Кромбер и Шуберт“. На панел дискусијата учесниците се осврнаа на перспективите на дуалното образование во Република Македонија како и на очекувањата на приватните компании од овој вид на средно стручно образование.

Slika 10

Пред почетокот на панелот беа презентира учениците кои се запишаа на профилите за дуално стручно образование од Охрид, Кавадарци, Битола, Прилеп и Велес.  При тоа на сите ученици како претставници од дуалното образование им беа врачени пригодни подароци.
На втората панел дискусија која се однесуваше на искуствата и очекувањата на учениците од дуалното стручно образование меѓу другите свое учество зедоа и учениците од втора година од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника, Марио Анѓелковски и Стефан Трајчески. Во своите обраќања тие ги искажаа своите искуства и импресии од одржаната феријална пракса во текот на летниот распуст како и од практична настава која тековно се изведува во приватните компании.