Деновиве започнаа активности за санација на уличната мрежа и асфалтирање на тесни улички на подрачјето на општина Охрид, во согласност со Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019 година.
За оваа намена од буџетот на општина Охрид предвидени се 7.508.375 денари и планирано е да бидат поставени околу 1550 тони асфалт.
Веќе е завршено асфалтирањето на 4 улички во село Лескоец, 3 краци на улицата „Српница“, еден крак на улицата „Радојца Новичиќ“, 2 улички во село Пештани, една уличка во населбата „Елешец“, една уличка кај поранешна „Застава“, 2 крака од улицата „Александар Турунџе“ во селото Велгошти, една уличка во населбата „Видобишта“ и по една уличка во селата Шипокно и Коњско.
Активностите за асфалтирање ќе продолжат и во текот на наредниот период на повеќе локации во градот и останатите населени места.