Општинските инспекциски служби заедно со екипи од ЈП „Охридски комуналец” и СВР Охрид, денес реализираа координирана акција за отстранување на нелегално поставената урбана опрема пред угостителските објекти во охридската чаршија.
Акцијата беше спроведена врз основа на претходни инспекциски контроли, со кои биле утврдени локациите и угпостителките објекти каде биле поствени маси, столови и друга урбана опрема, без одобрение за поставување и надвор од Програмата за поставување на урбана опрема.
Ваквите акции и контроли ќе продолжат и во текот на наредниот период.